Život žene na Balkanu

Жени во канонот

Што правиме со малото присуство на авторките? Дали навистина нема многу романсиерки во југословенските простори, дали навистина немало многу писателки воопшто?

/ Photo by shahin khalaji on Unsplash
sep 20 2026, 05:48

Podeli

Ovaj tekst možete čitati i u prevodu

***

Со задоволство го следам изборот на најдобар роман напишан на БХСЦ на порталот на Велике Приче. Овој избор лично ми открива многу за тоа што се читало во поранешната Југославија, со оглед на тоа што сум родена во 1981 година во Скопје, каде што цел живот и живеам. И покрај убеденоста на голем дел од поранешните Југословени дека ние Македонците сме ги следеле истите културни трендови, тоа едноставно не е така – ние зборуваме и пишуваме на друг јазик, па така следиме други трендови, посебно по распадот на Југославија –  па ете низ овој избор и јас дознавам многу за тоа што се сметало и сѐ уште се смета за класик во поранешните југословенски простори. Она што посебно ме интересира во изборот е какво место заземаат авторките во овој јазичен канон. На социјалните мрежи неретко од свои другарки читам негодувања за честото неприсуство или малото присуство на жените во канонот. Сосема го разбирам нивното незадоволство и разочараност. Но од друга страна имам желба да го објаснам неприсуството на книжевната сцена на жените сѐ до неодамна преку неколку примери од мојот професионален живот.

Апсолутно држи вода тврдењето дека голем дел од интелектуалците кои ги испраќаат своите топ десет дела ја одразуваат културата на непризнавањето на женските дела како канонски, или, како еднакво вредни како тие на авторите. Сепак, се работи за перцепција на тоа што е вредно од аспект на духот на времето. Па така, кај нас дури во последните дваесетина години дискусијата за жените во книжевноста стана толку присутна, што до некаде го смени начинот на кој се гледа на делата напишани од авторки, се разбира во попозитивен и повреден. За да илустрирам како перцепциите се менуваат со времето, ќе го земам примерот на изборот за 100те најдобри романи на Гардијан.

Poštovani, da biste nastavili sa čitanjem naših premium sadržaja, neophodno je da odaberete jedan od planova pretplate.

Velike price