Život žene na Balkanu

Жена во соседството

Гласот на жената тука не е добредојден. Тој не се слуша, а кога ќе прозбори, тој се игнорира. Неприсуството на некаков маж како нејзин застапник се гледа како слабост

/ Photo by lee seunghyub on Unsplash
sep 06 2026, 05:13

Podeli

Ovaj tekst možete čitati i u prevodu

***

Зградата во којашто живеам е мала и во неа има неколку стандардни домаќинства: брачни парови, со деца ако се помлади, децата отселени ако се постари. Како и повеќето станбени заедници, и ние имаме Вибер група. Јас сум единствената жена што е активна во таа група. Откако добро размислив, видов дека сум единствената жена што е присутна во групата, освен сосетката чиј маж почина, која не се вклучува во дискусиите (но чиј син потоа се вклучи во групата, иако не живее таму). Со други зборови, ниедна друга жена (т.е., сопруга) не присуствува во групата, па така и не знае што се случува таму. Сигналот што ми го дава ваквата распределба е јасен и познат во патријархатот: мажите се стопаните. Сите важни прашања поврзани со имотот и неговото менаџирање се однесуваат, следствено, на таткото, на патријархот, на власникот. Гласот на жената тука не е добредојден. Тој не се слуша, а кога ќе прозбори, тој се игнорира. Неприсуството на некаков маж како нејзин застапник се гледа како слабост.

Несомнено ваквата нееднаква распределба на моќ се должи на цивилизациската врска помеѓу жената како сопственост која доаѓа со имотот, а мажот како сопственик на имотот, но и на жената. Жената е најдрагоцената сопственост: таа е бесплатна работна рака, таа е и машина за репродуцирање на машки наследници кои ќе го наследат имотот и името: таа нема право на глас, како што и официјално немала право на гласање, сѐ до пред стотина години (корисно е да се потсетуваме постојано колку доцна сме стекнале дел од нашите права). Оттаму, не е чудно што во еден микрокосмос како станбена заедница, ќе важат вековните предрасуди – дека на жената не ѝ е местото таму каде што станува збор за имот.

Poštovani, da biste nastavili sa čitanjem naših premium sadržaja, neophodno je da odaberete jedan od planova pretplate.