Društvo

Осми март во затворот за жени

Баба ми не сакаше да биде жена и на извесен начин судбината да се роди како жена го сметаше за клетва

Телевизиска серија „Orange is the New Black“ / Netflix / Film Stills / Profimedia
jun 14 2026, 05:28

Podeli

Ovaj tekst možete čitati i u prevodu

***

Во американската култура постои силно тематизирање на затворските приказни, и оттаму, извесна романтизација на криминалот, убиството, казната, а неретко потоа, и егзекуциите, или убиствата од страна на државата. Од приказните за дивиот запад, до песните на Џони Кеш, до филмови како Бегство од Шошенк, во американската култура не постои недостиг на спојувањето на уметноста со трилерот. Истото важи и за книжевноста, посебно онаа во втората половина на дваесеттиот век, со појавата на движењето New Journalism која на книжевен начин се занимава со вистински, нефикциски приказни поврзани со злосторството и казната. Едно од ваквите најпознати дела е Ладнокрвно убиство на Труман Капоти, чиј успех несомнено покренува голем интерес кај американските писатели за затворските приказни, посебно од агол на осудениците, нешто што во денешно време го знаеме како популарен жанр true crime.

Деновиве прочитав одличен роман на слична тематика од современата американска писателка Рејчел Кушнер. Романот се вика Собата Марс (Лагуна, 2019) и во фокус е женски затвор преку перспективата на повеќе ликови, од кој главен е оној на стриптизета осудена на две доживотни робии поради убиство. Книгата е толку реална, што се гледа дека Кушнер посветила огромно време на истражување на вистински затворски приказни, како критика на суровиот американски казнено-„поправен“ систем (во наводници, оти поправен сигурно не е). Тоа ме натера да размислам за тоа колку вакви македонски наративи имаме – затворски, или уште повеќе, за женски затвори. И верувале или не, можам да се сетам само на еден таков роман (што не значи дека не постои и друг), и тоа романот Затвор за жени, кој го напиша баба ми.

Poštovani, da biste nastavili sa čitanjem naših premium sadržaja, neophodno je da odaberete jedan od planova pretplate.

Velike price