Ovaj tekst možete čitati i u prevodu
***
Неодамна ме вознемири веста дека судовите го вратиле на работа анестезиологот од гинеколошкото одделение во тетовската болница, човек кој за време на својата работа не само што ги снимал пациентките на гинекологија, туку и видеата ги емитувал во живо на Тик-Ток. Иако му беше изречена казна од 15 месеца и одземање на лиценцата на 7 години, по многу жалби неговата казна беше намалена на три месеца и лиценцата вратена, се разбира од страна на еден шовинистички, неправеден суд. Анестезиологот – манијак сега повторно работи во болницата. А неговите колеги го бранеа: тој бил добар доктор и не направил ништо сериозно.
Верувам дека така мислат, зашто женското здравје традиционално не се смета за сериозно и е длабоко неистражено. Речиси секоја од нас што била на гинеколог поминала низ некое трауматско искуство и ги слушнала зборовите „роди, ќе ти помине“ во отсуство на медицинско знаење, а потоа и да родила, била подложена на болка и понижување пред, за време на и по породувањето. Поради тоа, веста за анестезиологот што снимал жени додека се пораѓаат или додека им се правени киретажи и ги објавувал видеата на Тик-Ток длабоко ме потресе и ме потсети на сопствените медицински трауми што сум ги доживеала кај повеќе гинеколози. Сакам да ги споделам, иако се интимни. Го правам тоа бидејќи мене немаше кој да ме заштити кога се случуваа, и толку бев збунета, шокирана и ранлива, што навистина не ни разбирав што ми се случува. Не сакам никогаш вакви работи да ѝ се случат на друга жена, а знам дека континуирано се случуваат уште пострашни.
Poštovani, da biste nastavili sa čitanjem naših premium sadržaja, neophodno je da odaberete jedan od planova pretplate.
Već imate nalog? Ulogujte se








