Ovaj tekst možete čitati i u prevodu
***
Пред неколку дена во светската јавност громогласно одекна позитивната вест дека Универзитетот Харвард се спротивставил на ултиматумот на владата на Трамп да исполни низа нивни барања за да не им биде одземено финансирањето во висина од 2.2 милијарди долари.
Не случајно оваа минијатурна победа ја возбуди американската, па и светската јавност: таа е прва од ваков вид откако владата на Трамп успешно го натера универзитетот Колумбија да потклекне на нивните барања во замена за пари, а во меѓувреме се закани уште на неколку елитни универзитети, како Нортверстерн и Корнел.
А тоа се само случаите за која јавноста говори и кои стигаат до нас, зашто во прашање се огромни количини пари и навистина влијателни универзитети. Во меѓувреме, скратени се многу фондови и на други универзитети во Америка кои можат да промовираат демократски вредности. Само што за нив не дознаваме, зашто академската јавност молчи.
Pročitali ste poslednji besplatni članak. Da biste nastavili sa čitanjem pogledajte planove pretplate
Već imate nalog? Ulogujte se