Život žene na Balkanu

Скршени стакла, скршени илузии

Не случајно нема лек за еден куп женски болести и болки, освен стандардното „роди деца и ќе ти помине“, феномен тесно поврзан со оној на „пенисот како универзален лек“

Постер за претставата „Broken Glass“ / Фотографија: Young Vic
мар 22 2026, 07:11

Podeli

Ovaj tekst možete čitati i u prevodu

***

Минатата недела се најдов во Лондон, по повод тамошниот саем на книга. Останав во градот уште некој ден за да се видам со една моја пријателка и писателка, бегалка од војната во Украина, и заедно да одиме во театар, искуство што досега сум го немала и од кое очекував многу. Ја гледавме Скршено стакло (Broken Glass) од Артур Милер, во режија на Џордан Фајн, бомбастично фален од Њујорк тајмс како ѕвезда во подем и тоа во контекст на оваа претстава што играше во популарниот, младешки театар Young Vic. Во атмосфера на војна и геноцид и фајловите за Епстин, беше во најмала рака интересно да се гледа ваква претстава заедно со една бегалка од војна во контекст на западниот, уметнички свет.

(Иако, би рекла дека нејзе не би ѝ се допаднал зборот „бегалка“ или refugee. Гледам како зборот на англиски почнува да се избегнува и да се заменува со понова верзија, escapee, веројатно за да ги разликува белите христијански бегалци од оние што се кафеави и муслимански, исто како што и expat важи за богатите имигранти, а immigrant за сиромашните. За ваквите термини ние сѐ уште немаме разграничувања, бидејќи бегалците и имигрантите кај нас не доаѓаат. Пресиромашни сме.)

Poštovani, da biste nastavili sa čitanjem naših premium sadržaja, neophodno je da odaberete jedan od planova pretplate.

Velike price