Ovaj tekst možete čitati i u prevodu
***
Неодамна го завршив преводот на Catcher in the Rye на Џ.Д. Селинџер на македонски јазик. Се работи за шести превод што постои на македонски, иако романот е преведен прилично доцна – дури во 2003 година (и тоа два различни превода во текот на истата година). Не бев задоволна од преводите, бидејќи во нив говорот на Холден е прилично стерилен, или пак застарен, а најголемото волшепство на романот лежи во неговиот стил. Па така го преведов од љубов, но и од потреба, и излезе под насловот Чуварот во ‘ржта, наместо Ловецот во житото како што е познат во поголемиот дел од југословенските простори.
Битно е да е чувар, а не ловец, бидејќи како што минуваат годините, сѐ повеќе сфаќам колку траумата на Холден Колфилд – сепак, тој ни го раскажува романот од психијатриска институција – е поврзана со доживеано сексуално насилство, т.е. со педофилија. Другата траума е многу поочигледна, а таа е поврзана со смртта на неговиот помал брат Али, која е влошена поради отсуството на неговите родители, и физичко, и емоционално. Физичкото отсуство на родителите на Холден, нивната опсесија со пари (татко му на Холден е богат адвокат), со нивното емоционална состојба (мајка му на Холден и самата не може да се справи со смртта на нејзиното дете), и со углед (децата им учат во скапи, елитни школи) всушност претставуваат плодна почва за создавање услови за Холден да биде запоставен, и со тоа и злоупотребуван.
Poštovani, da biste nastavili sa čitanjem naših premium sadržaja, neophodno je da odaberete jedan od planova pretplate.
Već imate nalog? Ulogujte se








